Сендвич Панели

Изолациони Кровни, Ѕидни и Фасадни Системи

М.Д. Страиште Валандово, е главен увозник на квалитетни кровни ѕидни и фасадни панели со високи перформанси како и пластифициран лим.

Кровните, ѕидните и фасадните изолациони системи, освен тоа што влијаат врз краткотрајноста на изградбата на објектот имат и други значајни предности спрема конвенционалните методи на градење вклучувајќи долгорочна термоизолациска заштита и сигурен изолациски континуитет, добра заптива, отпорност на кондензацијата како и повеќекратно намалување на трошковите.

Кровните, ѕините и фасадните панели, како префабрикувани еднокомпонентни системи, овозможуваат брза и лесна понтажа со што времето потребно за изградба на објектот се намалува и до 50%.

Термоизолациските материјали имат широка примена во градежништвото, особено кај изработката на фасади, кровови, плафони, прегради и подни термоизолации. Панелите на М.Д. Страиште исполнуваат доста високи барања на современото градежништво и одлично се вградуваат во објекти со челична, бетоснка, дрвена или друга конструкција.

Благодарение на своите карактеристики панелите се применуваат и кај објекти со посебни санитарно-технички барања, како што се ладилници, кланици, пекари и сл.

Принципот на вградување на панелите од М.Д.Страиште ги задоволува и најстрогите барања во поглед на топлотна заштита и херметичност, а посебно е прилагодена со одредбите на правилникот за извозни објекти за производство, преработка и складиранње на храна од животинско и растително потекло и начинот на работа во нив.



Технологијата на производство на панелите на М.Д. Страиште омозвожува производство на ѕидни и кровни панели во класата на запаливост B3, B2 согласно DIN 4102-1, како и PIR незапаливите панели.

Вградувањето на панелите од М.Д. Страиште овозможува:

  • едноставна и брза монтажа на објекти со одлични естетски карактеристики;
  • извондредна термоизолаициска заштита;
  • висока отпорност на спојните механички, атмосферски, хемиски и други средини;
  • значајна штедливост на енергија за време на експлотацијата.

Графички Приказ на Панелот

ЛЕГЕНДА:

  • 1. Полуиуретанска исполнетост
  • 2. Полиестерски премаз по РАЛ
  • 3. Облога од Цинк
  • 4. Челична основа
  • 5. Облога од цинк
  • 6. Основен полиестерски премаз
  • 7. Финален полиестерски премаз по РАЛ

Панелите на М.Д. Страиште се состојат од:

А - Среден термоизолациски слој
Б - Двострана облга

А - Термоизолацискиот слој го сочинува:

Полиуретанска пена која има одлична способност да за сврзување со сите градежни материјали. континуално вбризгување помеѓи покривките со униформна густина од 38 – 42 kg/m2, постигнува коефициент на топлотна спроводливост λ = 0,022 (W/mK).

  • поради затворените ќелии, пената има особина на висока непропустливост и водотпорност
  • голема димензиска стабилност
  • постојаност на хемикалиите, растворачите, микроорганизмите и стареењето
  • постојана температура од - 180° C do + 110° C
  • при поставувањето на под (на врел премаз од бутимен) издржува краткотрајни температури и до + 250° C

Б - Облогите на панелите од М.Д. Страиште се содржат од:

  • челичен поцинкован пластифициран лим со полиестерска облога (25 µ) со дебелина од 0,3 do 0,8 mm ,изградена по стандардот EN 10169
  • пластифициран или непластифициран алуминиумски лим со дебелина од 0,7 до 0,8 mm, изработен по стандардот EN 485

Спрема потребите на купувачот на располагање е стандардната RAL палета на бои

Во програмата на М.Д. Страиште, постојат два основни типа на панели и тоа:

  • Кровни панели
  • Ѕидни панели